Ал-Хилал го собори светскиот рекорд за најмногу последователни победа

Саудискиот Ал-Хилал го собори светскиот рекорд за најмногу победи по ред на тим во најсилна фудбалска лига.

Победата во вторникот над Ал-Итихад, 2:0 (вкупни 4:0) во азиската Лига на шампиони (ЛШ) и пласманот во полуфиналето, беше 28-та победа во низа за Ал-Хилал, најтрофејниот тим во Саудиска Арабија. Со тоа Ал-Хилал го собори рекордот од 27-те последователни победи на велшкиот Њу Сентс од 2016-та.

Ал-Хилал, каде што настапува и поранешниот напаѓач на Фулам, Србинот Александар Митровиќ, ги доби сите натпревари, по ремито 1-1 со Дамак, лани на 21 септември.

Митровиќ постигна 26 од вкупно 81 гол за неговата екипа во текот на победничката серија. Во таа серија 16 победи беа забележани на првенствени натпревари, три на домашни куп натпревари и девет во азиската ЛШ.

Поранешниот играч од средниот ред на Премиер лигашот, Вулверхемптон, Рубен Невеш, исто така игра за Ал-Хилал, како и бразилскиот напаѓач Нејмар.

Тој дојде од ПСЖ минатото лето со договор вреден околу  90 милиони евра, плус додатоци, годишно, но од октомври лани е надвор од терените, поради тешката повреда на коленото.

Под водство на поранешниот тренер на Бенфика и на Фламенго, Хорхе Жезус, Ал-Хилал има 12 бода повеќе од Ал-Наср на Кристијано Роналдо на врвот на саудиската Про-лига.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО