Ракомет: Мечот Македонија – Фарски Острови ќе се игра во Скопје

Реваншот од бараж мечот во квалификациите за Светското првенство (СП) 2025 година, Македонија – Фарски Острови ќе се одигра во Скопје, во салата на СЦ „Борис Трајковски“ на 12 мај.

Првата средба во главниот град на Фарски Острови, Торшавн, ќе се игра на 8 мај.

СП 2025 година ќе се одржи во три земји, во Хрватска, Данска и во Норвешка. Градови-домаќини ќе бидат Загреб, Пореч, Вараждин, Хернинг и Осло.

Македонија има континуитет на настапи од 2013 па наваму на сите СП, од Шпанија, Катар, Франција, Германија/Данска, Египет и Полска/Шведска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО